ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ НА TCL COMMUNICATION

Јазик

Ова Известување за приватност станува правосилно на 30.07.2021.

 

 

Ова Известување за приватност го утврдува начинот на кој TCL и/или нејзините филијали и подружници (колективно „TCL“ или „ние“) ги штитат личните податоци што ги обработуваме, а кои се однесуваат на вас (вашите „Лични податоци“), какви Лични податоци собираме за вас, што правиме со нив, целта на собирањето, како ги обелоденуваме и какви права имате во врска со обработката на Личните податоци.

 

Ви благодариме што го избравте TCL!

 

КОГА СЕ ПРИМЕНУВА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ?

 

Ова Известување за приватност се применува кога ги обработуваме вашите Лични податоци како резултат на вашиот пристап и користењето на некоја од веб-страниците на Alcatel (вклучувајќи ја и www.alcatelmobile.com), брендираните уреди на TCL и Alcatel како што се телефони, таблети, часовници, нараквици, уреди за носење, насочувачи и одредени други апликации и услуги на TCL овозможени од TCL Communication Technology Holdings Limited што може да се однесуваат на ова Известување за приватност (колективно „Материјали на TCL“). За апликациите со паметни услуги на TCL (вклучувајќи ги и TCL Account, TCL Channel, TCL Home App, BrowserHere/T-Browser, TCL Live, TV Guard, MagiConnect, Chat Now, Smart Gallery, Reminder, Weather, Game Center, Gesture Control и Remote Diagnosis), погледнете ја https://www.tcl.com/global/en/privacy-notice.html.

 

Погледнете ја и https://www.tcl.com/global/en/privacy-notice.html за повеќе информации околу тоа како ги обработуваме вашите Лични податоци кога пристапувате и ги користите веб-страницата на TCL (www.tcl.com), производите на TCL за паметна ТВ и брендираните уреди на SEMP. 

 

Ова Известување за приватност се применува и при нашата обработка на Личните податоци на деловните контакти во склоп на нашите клиенти, деловни партнери, добавувачи и други организации со кои TCL има или планира да гради деловен однос.

 

За да дознаете повеќе, кликнете на некој од деловите подолу:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Одвреме-навреме може да го ажурираме ова Известување за приватност за да ги отслика промените во начинот на кој ги собираме и користиме вашите Лични податоци или промените во важечките закони. Секое ажурирање на ова Известување за приватност станува правосилно по неговото објавување на нашата веб-страница на https://www.tcl.com/global/en.html. Згора на тоа, може и да ве известиме за да ве информираме за промените во ова Известување за приватност како што е предвидено со важечките закони.

 

СО ПОСЕТАТА НА НАШИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ, ДАВАЊЕТО НА ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ КОРИСТЕЊЕТО НА МАТЕРИЈАЛИТЕ НА TCL, ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И СТЕ ГИ РАЗБРАЛЕ ПРАКТИКИТЕ ОПИШАНИ ВО ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ.

 

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ СОБИРАМЕ ЗА ВАС

 

Вашата приватност ни е важна, па затоа тука објаснуваме какви Лични податоци собираме за вас. Имајте предвид дека, ако не дадете одредени Лични податоци, TCL можеби нема да може да оствари некои цели изнесени во ова Известување за приватност и можеби нема да можете да користите или да пристапите до одредени Материјали на TCL.

 

Може да ги собираме и обработуваме следниве Лични податоци за вас:

 

§  Информации што ни ги давате. Ова ги вклучува информациите за вас што ни ги давате преку пополнување формулари, внесување информации на нашата веб-страница, креирање кориснички сметки или преку комуницирање со нас, без оглед дали тоа е во четири очи, преку телефон, онлајн, преку е-пошта или на поинаков начин, со кои можеме да ве идентификуваме или да ве препознаеме во зависност од контекстот. Овие информации, без ограничување, го вклучуваат следново:

 

o   Лични информации за контакт: вашето име, адреса за испорака, наплата и/или деловна адреса, адреса за е-пошта, телефонски број;

o   Информации за најава: корисничко име, лозинка, прекар;

o   Демографски информации: датум на раѓање, пол;

o   Информации за плаќање: детали за вашата дебитна или кредитна картичка, банкарски детали или други информации за плаќање и финансиски информации;

o   Други информации за вас, како што е вашата професија (на пример, може да ве прашаме за вашата професија кога ќе учествувате во нашето истражување), податоци за јазикот и здравјето (како што се вашите податоци за вежбање, вклучувајќи и висина и тежина, телесна температура, срцев пулс, податоци за квалитетот на спиењето, податоци за следење на пешачењето/трчањето/возењето велосипед);

o   Вашите прашања, поплаки или повратни информации за нашите производи и услуги или одговорите на нашите анкети; 

o   Информации за Материјалите на TCL што ги поседувате и користите, и доказ дека сте ги купиле, кога тоа е применливо; и

o   Адреса за е-пошта на родителот или старателот на малолетното лице.

 

§  Информации што ги собираме или генерираме за вас. Автоматски може да собираме информации од интернет, од електронската активност и други информации од уредите и прелистувачите што ги користите. Ова, без ограничување, го вклучува следново:

 

o   Детали за вашата употреба на Материјалите на TCL;

o   Локацијата на вашиот уред и временската зона;

o   Детали за вашата употреба на производите што ви ги доставуваме, како што се историјата на прелистување, историјата на пребарување и кликнувањата на страници, типот на прелистувач, честотата на сесијата и другите активности кога ги користите нашите производи или услуги;

o   IP-адреса, MAC-адреса, ID на уредот, ID на терминалот, сериски број, IMEI број, IMSI број, ID за рекламирање (единствен кориснички ID доделен на вашите уреди за рекламни цели), модел на хардвер и сите други идентификатори на уредот или информации специфични за уредот во врска со вашите Материјали на TCL;

o   Прецизни и приближни информации за географската локација што ги овозможува GPS-сигналот на вашиот уред или такви што се пренесуваат преку блиските точки за пристап до Wi-Fi и мобилните кули додека користите одредени услуги и ви е овозможена функцијата за локација. Во секое време може да се откажете од тоа да ги собираме податоците за вашата локација во склоп на поставките на оперативниот систем на вашите производи или апликации, како што е применливо;

o   Информации што се однесуваат на вашата здравствена состојба и детали што се однесуваат на информациите за вашата физичка подготвеност и вежбање (како што се вашата висина и тежина, телесна температура, срцев пулс, квалитет на спиењето, информации за следење на пешачењето/трчањето/возењето велосипед) дотаму до каде ќе ни ги дадете таквите информации или на поинаков начин ќе се согласите истите да ги собираме;

o   Дневници за грешки, кодови за грешки и описи на грешките, како и други информации што ни ги давате, а се однесуваат на искусувањето грешки или дефекти со некои од вашите Материјали на TCL;

o   Информации собрани од одредени апликации на TCL. На пример, кога ја користите апликацијата TCL Account на вашиот мобилен телефон, апликацијата ќе се поврзе на Интернет, ќе ги побара вашите системски дозволи (вклучувајќи ги и дозволите за меморијата, камерата, Интернет-врската и контактите) и ќе ги собере вашата адреса за е-пошта, лозинката за сметката, името на сметката, полот, земјата/регионот, моделот на уредот, името на уредот, верзиите на апликацијата и оперативниот систем на вашиот телефон;

o   Локацијата на која ја користите нашата апликација TCL Connect за да се поврзете и да ги контролирате вашите бројни уреди на TCL или Alcatel (како што се вашите часовници, нараквици и насочувачи), како и информациите за вашиот Wi-Fi или bluetooth, локацијата, сметката на TCL, информациите за уредот на вашиот телефон и информациите за уредите на TCL или Alcatel што треба да се поврзат;

o   Вашата е-пошта, телефонски број, адреса, број на факс, историја на разговори или снимки од телефонски разговори помеѓу вас и нашиот тим за Грижа на корисници кога ви овозможуваме пост-продажна поддршка; и

o   Други информации што сме ви ги обелодениле кога за првпат сте стартувале одредени апликации.

 

§  Информации што ги добиваме од други извори. Може да собираме информации за вас од трети лица. Ова, без ограничување, го вклучува следново:

 

o   Информации од друштвените мрежи;

o   Информации добиени од други даватели на производи, услуги, веб-страници и апликации;

o   Информации што се однесуваат на услугите за поправки од операторите на вашите мобилни уреди;

o   Други комерцијално или јавно достапни извори (како што е дозволено според законот); и

o   Ако учествувате во програми за истражување на пазарот организирани и/или спонзорирани од/во име на TCL, може да собираме и информации од веб-страници на трети лица или друштвени мрежи, во согласност со политиките за приватност на соодветните веб-страници и друштвени мрежи.

 

Може да собираме и други информации за вас, вашиот уред или користењето на Материјалите на TCL на начинот соопштен во времето на собирање и/или со ваше одобрение во согласност со важечките закони.

 

Нема намерно да собираме никакви Лични податоци од или за деца под 13-годишна возраст, или минималната возраст дозволена во вашата јурисдикција, без притоа јасно да ставиме до знаење дека таквите податоци треба да се обезбедат само со согласност од родителот или старателот, ако тоа е предвидено со некои од важечките закони. TCL ќе ги користи Личните податоци што се однесуваат на деца само ако тоа е дозволено според важечките закони и ако е предвидено, само со согласност од родителот или старателот. Ако сметате дека вашето дете ни ги дало неговите/нејзините Лични податоци без согласност од родителот или старателот, контактирајте нѐ преку адресата за е-пошта дадена во делот Како да нѐ контактирате подолу. Ако вашето дете ги користи нашите услуги Учење за деца или Режим за деца, фамилијарниот часовник на TCL или други производи или услуги за деца на TCL, ќе ви обезбедиме посебна политика за приватност со повеќе детали за тоа како ги штитиме Личните податоци на децата.

 

 

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Може да ги собираме, чуваме, обработуваме или на поинаков начин да ги користиме вашите Лични податоци на следниве начини и за следниве цели:

 

§  За да ги доставиме, активираме, верификуваме и управуваме со нашите производи и услуги кои вие сте ги купиле;

 

§  За да овозможиме ажурирања на софтверот, услуги за одржување, техничка поддршка и пост-продажни услуги за Материјалите на TCL;

 

§  За да ви помогнеме да ја регистрирате и да управувате со вашата сметка на TCL;

 

§  За да ви дозволиме да ги преземете и купите нашите производи и услуги, како што се нашите апликации и слични веб-страници, и / или да ви дадеме пристап до апликациите од трети лица инсталирани на уредот;

 

§  За да ги обработиме платежните трансакции или нарачките за Материјалите на TCL;

 

§  За да ве контактираме во врска со Материјалите на TCL, на пример, во случај некои од материјалите на TCL да се промениле или да имаат проблеми, како што се верификување на вашите сметки и идентификација, откривање на безбедносни инциденти и борба против злонамерни активности;

 

§  За да ве заштитиме од измами и ризици за безбедноста на информациите и истите да ги спречиме, како и за да ги чуваме безбедни Материјалите на TCL;

 

§  За да ги утврдиме, оствариме или одбраниме своите законски права или заради правни постапки;

 

§  За да одговориме на какви било поплаки или прашања што може да ги покренете во врска со Материјалите на TCL и за да ги одбраниме и оствариме нашите законски права;

 

§  За да ги персонализираме Материјалите на TCL на ваше барање;

 

§  За да ги решиме проблемите со функционалноста или други проблеми со Материјалите на TCL;

 

§  За да ги процениме и развиеме новите функционалности, технологии и подобрувања на Материјалите на TCL;

 

§  За да спроведуваме натпревари, промоции, настани, истражување на пазарот, анкета во врска со Материјалите на TCL;

 

§  За да ги олесниме интерните цели на TCL, како што се ревизија, анализа на податоци и истражување за да ги унапредиме нашите производи, услуги, корисничко искуство и комуникацијата со клиентите;

 

§  За да се усогласиме со сите важечки закони, регулативи, директиви и судски одлуки, како и одлуки од надлежните органи;

 

 

§  За да ви испратиме информации за Материјалите на TCL и да помогнеме тие информации да ви станат порелевантни. Може да ни треба вашата согласност за одредени маркетиншки активности. Ви нудиме неколку начини да се откажете од добивање на одредени соопштенија од нас. Ако сакате да се откажете од добивање на маркетиншки соопштенија од нас по е-пошта, може да кликнете на врската „Откажи ја претплатата“ што се наоѓа во долниот дел на е-поштата и да ги следите дадените инструкции;

 

§  Ние и нашите рекламни партнери може да прикажеме неперсонализирано рекламирање на некои од нашите производи и услуги. Ако нашите рекламни партнери прикажат персонализирано рекламирање, ние ќе ја добиеме вашата изрична претходна согласност како што е предвидено со важечките закони; и

 

§  Сите други цели за кои сте ја дале вашата согласност.

 

Дотаму до каде Личните податоци што ги собираме за вас се сметаат како посебни категории на Лични податоци или чувствителни Лични податоци според важечките закони, ние ги обработуваме таквите податоци врз основа на вашата изрична согласност, а вие може да ја повлечете вашата согласност за таквата обработка во секое време. Меѓутоа, треба да знаете дека ако изберете да го направите тоа, можеби нема да бидеме во можност да продолжиме да ви даваме одредени услуги. Ако изберете да ја повлечете согласноста, подетално ќе ве информираме за можните последици. Ако тоа го дозволуваат важечките закони, може да ги обработиме и посебните категории на Лични податоци кои недвосмислено сте ги направиле јавни или да ги утврдиме, оствариме или одбраниме правните барања.

 

Ако дејствувате како деловен контакт на вашата организација за да ги купите или користите Материјалите на TCL во име на вашата организација, може да ги собереме вашето име, адреса за испорака, наплата и/или деловна адреса, адреса за е-пошта, телефонски број и да ги користиме вашите Лични податоци дотаму до каде е потребно за извршување на обични деловни операции, за поврзани административни цели или за друго, или за други цели наведени погоре во Делот „Користење на личните податоци“.

 

 

ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

 

Не ги продаваме или на поинаков начин обелоденуваме Личните податоци што сте ни ги дале, освен како што е опишано во ова Известување за приватност, како што ви е вам обелоденето во времето на собирање на податоците или како што е опишано во кое било специфично известување за приватност, како што е применливо.

 

Може да ги обелодениме вашите Лични податоци на филијалите и подружниците на TCL во една или повеќе од околностите опишани подолу:

 

§  За да ни помогнете да ви ги обезбедиме Материјалите на TCL;

 

§  Кога ги пласираме производите и услугите што ги обезбедуваат филијалите и/или подружниците на TCL; и

 

§  За оние цели за кои TCL ги обработува вашите Лични податоци според ова Известување за приватност.

 

Може и да ги споделиме вашите Лични податоци со трети лица за да ги постигнеме целите споменати во Делот „Користење на личните податоци“ погоре, вклучувајќи и:

 

§  Во случај на продажба на некое од трговските претпријатија или имотите на TCL на друга компанија, спојување или други значајни зделки, може да ги обелодениме вашите Лични податоци заради длабинска анализа и по завршување на зделката;

 

§  Може да го споделиме вашиот ID за рекламирање (единствен кориснички ID доделен на вашите уреди за рекламни цели) со нашите рекламни партнери за тие да прикажат неперсонализирано рекламирање;

 

§  Ако ви пласираме производи или услуги од трети лица, може да ги споделиме вашите Лични податоци со тие трети лица;

 

§  Кога ја давате вашата согласност за обелоденување на вашите Лични податоци на специфични и идентификувани трети лица или категорија на трети лица;

 

§  На застапниците или испорачателите на третите лица (на пример, давателите на услуги за чување на нашите електронски податоци) кои ги ангажираме за да нѐ поддржат кога ви ги обезбедуваме нашите производи и услуги. Ќе преземеме чекори за да побараме од таквите трети лица да ги обработуваат вашите Лични податоци во согласност со одредбите утврдени во ова Известување за приватност и со обврска за доверливост;

 

§  На деловните партнери кои обезбедуваат производи и / или услуги што се вградени или служат како компонента на Материјалите на TCL што ви ги даваме вам. Овие трети лица ќе сносат одговорност за начинот на кој ги користат вашите Лични податоци во врска со нивните услуги и производи како што е опишано во посебното известување за приватност обезбедено од нивна страна, кое вие треба да го верификувате; и

 

§  Дотаму до каде е предвидено со закон, или ако сме обврзани да ги обелодениме вашите Лични податоци за да се усогласиме со некоја законска обврска, да ги утврдиме, оствариме или одбраниме нашите законски права и/или законските права на третите лица.

 

Освен обелоденувањето на Личните податоци соопштени во ова Известување за приватност, може да ги споделиме вашите Лични податоци со трети лица само кога вие тоа ќе ни го дозволите.

 

Имајте предвид дека ако пристапувате до услуги од трети лица — како што се услуги за друштвени медиуми, алатки за еднократна најава од трети лица, апликации или мобилни платформи од трети лица — преку нашите услуги или производи, овие услуги од трети лица можеби ќе можат да собираат информации за вас, вклучувајќи и информации за вашата активност на производите и услугите, и може да ги известат вашите врски на услугите од трети лица за вашето користење на производот и услугите. Секоја обработка на Личните податоци од таквите даватели на услуги од трети лица ќе се регулира само со нивните сопствени политики за приватност.

 

ВРСКИ ОД ТРЕТИТЕ ЛИЦА

 

Нашата веб-страница може да содржи врски до страниците на третите лица, а нашите производи може да содржат и претходно инсталирани апликации кои третите лица ги развиле и со кои управуваат. Не сносиме одговорност за политиките за приватност или содржината на таквите други страници и апликации. Ова Известување за приватност не се однесува на нив. Мора внимателно да ги прочитате политиките за приватност поврзани со услугите на третите лица, директно контактирајќи ги таквите лица во случај на потреба.

 

Згора на тоа, операторите на вашите мобилни уреди од TCL или Alcatel може да ги собираат и вашите Лични податоци за подобрување на услугата, дијагностицирање и други цели. Ова Известување за приватност не се однесува на овие оператори и ние не сносиме одговорност ниту за нивните практики за приватност. Треба да ги контактирате овие оператори ако сакате да дознаете повеќе околу тоа како тие ќе ги собираат и обработуваат вашите Лични податоци.

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

TCL може глобално да ги сподели вашите Лични податоци со компаниите во склоп на својата корпоративна група за извршување на активностите наведени во ова Известување за приватност. TCL може и да им ги довери обработката и споделувањето на вашите Лични податоци на трети лица лоцирани надвор од вашата земја. Кога користите Материјал на TCL, може да ги пренесеме, чуваме и обработиме вашите информации во рамки на и надвор од вашата земја на престој, во согласност со ова Известување за приватност. Обработката на вашите Лични податоци, затоа, може да подлежи и на закони поинакви од оние што важат во вашата земја.

 

TCL презема соодветни чекори за да се осигура дека преносот на Личните податоци ќе биде направен во согласност со важечките закони за приватност и, особено, дека договорните, техничките и организациските мерки ќе бидат на место, како што се, без ограничување, Стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија.

 

 

БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Имаме усвоено организациски, физички и технички мерки за безбедност што се во согласност со меѓународните индустриски стандарди за да ги заштитиме Личните податоци што ни ги давате и да спречиме неовластен пристап, обелоденување, користење, измена, штета или загуба на податоците. Ќе преземеме разумни и практични чекори за да ги заштитиме вашите Лични податоци, вклучувајќи го и следново:

 

§  Ќе користиме SSL и други технички мерки за да обезбедиме шифрирање во однос на нашите услуги и производи. Редовно ќе ја преиспитуваме нашата практика на собирање, чување и обработка на информациите (вклучувајќи и физички мерки за безбедност) за да спречиме неовластен пристап до системот.

 

§  Ќе ги овластиме нашите вработени и персоналот на третите лица да пристапат до вашите Лични податоци само кога тоа е неопходно за да ни помогнат да ги обработиме вашите Лични податоци и да ви ги обезбедиме услугите. Овие вработени и надворешниот персонал (на третите лица кој ние сме го овластиле) подлежат на договорни обврски за доверливост.

 

§  Безбедноста на вашите Лични податоци е исклучително важна за нас. Ќе продолжиме со нашите напори да ги заштитиме вашите Лични податоци и да имплементираме мерки за заштита, како што е обезбедување на заштита со шифрирање за чување и пренесување на информациите, за да спречиме неовластен пристап, употреба или обелоденување на вашите Лични податоци.

 

§  Претпазливо ќе ги избереме деловните партнери и давателите на услуги, а барањата за заштита на Личните податоци ќе ги имплементираме во деловните договори помеѓу двете страни.

 

§  Ќе спроведеме обуки за безбедност и заштита на приватноста, тестирање и рекламни активности за да ја зголемиме свеста на вработените за значењето на заштитата на Личните податоци.

 

Сепак, разберете дека за ниту едно пренесување на податоци преку Интернет не може да се гарантира дека е 100% безбедно. Ако забележиме дека дошло до некаква повреда на нашиот безбедносен систем, навремено ќе дејствуваме во согласност со сите важечки закони.

 

 

ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

TCL ги задржува вашите Лични податоци само онолку колку што е потребно за целите опишани во оваа Политика за приватност и ќе ги избрише во разумен рок во согласност со следниве критериуми:

 

§  TCL ги задржува вашите Лични податоци сѐ додека ѝ се потребни за целите споменати во Делот „Користење на личните податоци“, што може да се совпадне со периодот во кој вие и TCL имате тековна врска; и

 

§  TCL ги задржува вашите Лични податоци сѐ додека е потребно за да се усогласи со законската обврска на која е предмет или да се одбрани од тужбите покренати против неа.

 

 

ВАШИТЕ ПРАВА

 

Законите за заштита на податоци може да ви дадат бројни законски права во врска со Личните податоци што ги чуваме за вас. Сите закони за заштита на приватноста не се исти, па следствено на тоа сите овие права не се применуваат во сите земји. Може да се повикате на Анексите на ова Ивестување за приватност за повеќе детали во врска со вашите права во одредени специфични јурисдикции.

 

Сепак, признаваме дека вашите Лични податоци ви припаѓаат само вам и тоа ви овозможува да контролирате како ги користиме. Вашите права може да вклучуваат:

 

§  Право да побарате пристап до Личните податоци што ги обработуваме за вас, вклучувајќи и право да добиете информации и копија од таквите податоци;

 

§  Право да побарате да ги исправиме или коригираме вашите Лични податоци ако тие се неточни или непотполни;

 

§  Право да побарате да ги избришеме или изоставиме вашите Лични податоци во одредени околности. Имајте предвид дека може да има околности во кои ќе побарате од нас да ги избришеме вашите Лични податоци, но ние имаме законско право да ги задржиме;

 

§  Ако тоа го дозволуваат важечките закони, право да поднесете жалба до надлежната владина агенција ако сметате дека сме повредиле некое од вашите права.

 

Може да ги остварите вашите права така што ќе нѐ контактирате со помош на деталите утврдени во делот „Како да нѐ контактирате“ подолу.

 

Можеби ќе треба да го потврдиме вашето автентично барање на потрошувачот пред да го комплетираме вашето барање и, на пример, може да побараме да ги потврдите точките од податоците што веќе ги имаме за вас. Ќе ги користиме само Личните податоци дадени во автентичното барање на потрошувачот за да го потврдиме идентитетот на подносителот на барањето или овластувањето да го направи барањето.

 

 

КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

 

Ние и нашите партнери од трети лица за рекламирање и анализа на податоци користиме „колачиња“ и слични веб-технологии, вклучувајќи и пикселни ознаки или веб-светилници, („Алатки за автоматско собирање“) за поддршка на одредени функции на сметката на TCL, мобилните уреди и другите веб-страници и апликации со кои управуваме. Алатките за автоматско собирање се делчиња од кодот распоредени на вашиот уред. Алатките за автоматско собирање ѝ овозможуваат на веб-страницата да го препознае вашиот прелистувач или уред за време на вашата посета на веб-страницата/апликацијата на TCL или кога ќе се вратите на веб-страницата/апликацијата на TCL. За повеќе детали во врска со колачињата што ги користиме, погледнете ја нашата Политика за колачиња, која може да ја најдете тука: https://www.tcl.com/global/en/tcl-cookies-policy.html

 

Користиме два типа Алатки за автоматско собирање: „сесиски колачиња“ и „упорни колачиња“.

 

Сесиското колаче исчезнува откако ќе го затворите вашиот прелистувач. Сесиското колаче ќе ве идентификува за време на вашата сесија на прелистување така што на вашиот уред ќе му додели случајно генериран единствен број за идентификација. Користиме сесиски колачиња:

 

§  За да ни овозможите да ви обезбедиме производи и услуги и да управуваме со трансакциите. На пример, може да распоредиме колаче за да памети кои предмети сте ги зачувале во кошницата за онлајн пазарење; и

 

§  За управување и уредување на одредени содржини.

 

Упорните колачиња не исчезнуваат кога ќе го затворите вашиот прелистувач. Користиме упорни колачиња:

 

§  За да евидентираме дали на сметката на TCL е најавен посетител;

 

§  За да евидентираме кога посетителот на сметката на TCL или друга веб-страница / апликација на TCL дава согласност да користиме колачиња, кога тоа е применливо;

 

§  За перформанси и дизајн. На пример, може да користиме колачиња за да следиме кои делови од нашите веб-страници или апликации се популарни и да сфатиме како да ја подобриме нивната функционалност;

 

§  За да го подобриме корисничкото искуство и да го персонализираме тоа што го гледате. На пример, може да користиме колачиња за да ги евидентираме склоностите на корисникот и да се осигураме дека на корисниците им е доставена порелевантна содржина на веб-страницата / апликацијата (вклучувајќи и рекламна содржина);

 

§  За да ни овозможите нам и на партнерите од трети лица со кои работиме да испорачуваме реклами или да ги кроиме маркетиншките пораки што сте се согласиле да ги добивате. На пример, може да користиме колачиња за да евидентираме кои производи и услуги ги купувате или за кои покажувате интерес и да ги користиме услугите од трети лица за да овозможиме прикажување на релевантни реклами на нашите и другите веб-страници/апликации врз основа на таквите информации; и

 

§  За управување и уредување на одредени содржини.

 

Како да управувате со алатките за автоматско собирање

 

Ако не сакате да добивате колачиња, може да го поставите вашиот прелистувач да ги одбива колачињата или да ве предупреди кога на вашиот уред е поставено колаче. Може и да ги бришете колачињата веднаш штом ќе ја напуштите сметката на TCL или друга веб-страница/апликација на TCL. Иако не сте обврзани да прифаќате колачиња кога ја посетувате сметката на TCL, ако го поставите вашиот прелистувач да ги одбива колачињата, можеби нема да можете да ги користите сите функции и функционалности на сметката на TCL или друга веб-страница/апликација на TCL.

 

На пример, делот за Помош на лентата со алатки на повеќето веб-прелистувачи ќе ви каже како да го спречите вашиот прелистувач да прифаќа нови колачиња, како прелистувачот да ве известува кога ќе добивате нови Алатки за автоматско собирање и како целосно да ги оневозможите Алатките за автоматско собирање.  Што се однесува до некои од популарните прелистувачи, може да најдете повеќе информации со кликнување на следниве релевантни врски: Google Chrome; Microsoft Edge; Mozilla Firefox; Microsoft Internet Explorer; Opera и Apple Safari

 

Онаму каде што е предвидено со закон, ќе ви претставиме банер за колачиња првиот пат кога ќе ја посетите нашата веб-страница/апликација кој објаснува каков тип Алатки за автоматско собирање користиме и кој ја бара вашата согласност за некои од Алатките за автоматско собирање што ги користиме.

 

Лични податоци собрани преку Алатките за автоматско собирање

 

Ги користиме Личните податоци собрани преку Алатките за автоматско собирање за целите наведени погоре (вклучувајќи и во Делот „Користење на личните податоци“).  За оние колачиња за кои ни е потребна вашата согласност за да ги распоредиме, се потпираме и на согласноста како правна основа за обработка на Личните податоци собрани преку тие колачиња.

 

 

КАКО ДА НÈ КОНТАКТИРАТЕ

 

Ако сакате дополнителни информации за собирањето, користењето, обелоденувањето, преносот или обработката на вашите Лични податоци или остварувањето на некое од правата набројани погоре, контактирајте нѐ преку специфичните канали наведени подолу.

 

За жителите во ЕЕО, наш претставник во Европската Унија е TCT Mobile Europe, со седиште на Le Capitole, 55 rue des Champs-Pierreux, 92000 Nanterre, France. Контактирајте нѐ преку privacy_dpo@tcl.com.

 

За жителите во ОК, наш претставник во Обединетото Кралство е TCT Mobile UK Limited, со седиште на 10 Finsbury Square, London EC2A 1AF, England. Контактирајте нѐ преку privacy_dpo@tcl.com.

 

За корисниците во Индија, наш Службеник во секторот за поплаки во Индија е г. Судхансу Саху кого може да го најдете на privacyqueryindia@tcl.com.

 

За корисниците во Соединетите Американски Држави, подружница на TCL е TCT Mobile (US) Inc. чии соодветни адреси и контакти се наведени подолу:

TCT Mobile, Inc.

25 Edelman, suite 200

Irvine, CA 92618

Контактирајте нѐ со испраќање е-пошта на privacy.na@tcl.com или со јавување на нашиот бесплатен број 1-855-368-0829

 

За корисниците во Бразил, подружница на TCL е Semp TCL Mobilidade Ltda. (Број на даночен обврзник 08.649.664/0001-98, чија адреса и соодветен контакт се наведени подолу:

Semp TCL Mobilidade Ltda

Avenida Arnaldo Rojek, nº 01, Rua 5, Galpão H - parte 1, Altos de Jordanésia, Cajamar/SP - CEP 07.786-900

Контактирајте нѐ со испраќање е-пошта на privacidade@semptcl.com.br или со јавување на +55 (11) 3004-7570.

 

За корисниците во Кина и другите региони на светот, контролор на податоците е TCL Communication Technology Holdings Limited, чија адреса е 10F Building F4, TCL Communication Technology Building, International E-City, No. 1001 Zhongshanyuan Road, Xili Street, Nanshan District, Shenzhen City, Guangdong Province, China.

 

 

Ако имате неразрешено прашање за приватноста или користењето на податоците на кое не сме се осврнале задоволително, контактирајте го нашиот давател на услуги од трети лица за решавање спорови со седиште во САД (бесплатно) на https://feedback-form.truste.com/watchdog/request.

TRUSTe

 

АНЕКС БРАЗИЛ

(Оваа сесија станува правосилна од датумот на влегување во сила на LGPD)

 

Општ преглед

 

Одредбите утврдени во овој Анекс се однесуваат исклучиво на активностите за обработка на Личните податоци што се предмет на бразилското законодавство, особено Законот бр. 13.709/2018 како што е изменето и дополнето („LGPD“). Во случај на противречност помеѓу одредбите утврдени во главниот текст на Глобалното известување за приватност на TCL и овој Анекс, одредбите од овој Анекс ќе преовладаат исклучиво во врска со активностите за обработка што се предмет на бразилскиот закон.

 

Правни основи за обработка на личните податоци

 

Обработката на Личните податоци може да се спроведе во согласност со една од следниве главни правни основи: (i) усогласеност со законската или регулаторната обврска на TCL; (ii) потреба од договор; (iii) остварување на законските права во судски, административни или арбитражни постапки; (iv) заштита на животот и здравјето; (v) легитимен интерес на TCL или третите лица; и (vi) кредитна заштита.

 

Преземање обврска

 

Кога ги посетувате нашите страници, ги давате вашите Лични податоци или ги користите Материјалите на TCL, изјавувате дека сте запознаени со практиката на собирање, користење, пренесување, пренос, класификација, пристап, чување, измена, соопштување, обелоденување, елиминирање или која било друга активност за обработка во врска со вашите Лични податоци како што е опишано во Известувањето за приватност.

 

Доверливост на личните податоци и вашите одговорности

 

TCL дава сѐ од себе за да ги заштити вашите Лични податоци. Вие сносите одговорност за сите активности извршени преку вашето корисничко име и лозинка поврзани со Материјалите на TCL. Ако, по некоја случајност, сметате дека информациите за вашата сметка неовластено се објавени, контактирајте нѐ како што е опишано во делот „Како да нѐ контактирате“.

 

Вашите права

 

Важечките правила и законодавство ви ги доделуваат следниве права: (i) право да го потврдите постоењето на активности за обработка поврзани со вашите Лични податоци; (ii) право на пристап; (iii) право да ги коригирате неточните, непотполните или застарените Лични податоци; (iv) право на анонимизирање, блокирање или изземање на непотребни или претерани Лични податоци, или на Лични податоци обработени со кршење на важечкото законодавство; (v) право на преносливост; (vi) право да ги изземете Личните податоци кои повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани, освен за случаите во кои е потребно задржување на Личните податоци и истото е дозволено со закон; (vii) право да добиете информации за приватните и државните правни субјекти со кои биле споделени вашите Лични податоци; (viii) информации за последиците од одбивањето на согласност; (ix) право да ја повлечете согласноста; (x) право да поднесете петиција до бразилскиот Национален орган за заштита на податоци („ANPD“) во врска со обработката на Личните податоци; и (xi) право да ја одбиете обработката на Личните податоци поради неусогласеност со важечкото законодавство.

 

Автоматски одлуки и профилирање

 

Автоматските одлуки се одлуки што се базираат на употребата на алгоритми и компјутерски програми без човечка интервенција.

 

Од друга страна, профилирањето вклучува анализи на одредени лични аспекти, како што се вашите интереси, склоности, однесување, локација, преку автоматска обработка на Личните податоци со статистички процеси. Како резултат на оваа обработка, може да ви испратиме таргетирана комуникација, да претставиме порелевантни информации на нашите платформи за кои сметаме дека вие би биле заинтересирани.

 

Имате право да побарате прегледување на одлуката извршена при автоматската обработка на информациите.

 

Контролор

 

Контролор на податоците е TCL Communication Technology Holdings Limited, чија адреса е 10F Building F4, TCL Communication Technology Building, International E-City, No. 1001 Zhongshanyuan Road, Xili Street, Nanshan District, Shenzhen City, Guangdong Province, China, освен ако не е поинаку информирано во специфичната изјава за приватност.

 

За да контактирате со DPO на TCL, испратете е-пошта на privacidade@semptcl.com.br или јавете се на нашата бесплатна линија на +55 (11) 3004-7570.

 

Исто така, имате право да поднесете петиција до ANPD во врска со обработката на вашите податоци. За таа цел, директно контактирајте со ANPD.

 

 

 

 

АНЕКС ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ОБЛАСТ (ЕЕО) И ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО (ОК)

 

Користење на личните податоци

 

Може да ги собираме, чуваме, обработуваме или на поинаков начин да ги користиме вашите Лични податоци на следниве начини и за следниве цели и правни основи:

 

1. За да направиме договор со вас и да ви ги обезбедиме Материјалите на TCL;

 

§  За да ги доставиме, активираме, верификуваме и управуваме со нашите производи и услуги кои вие сте ги купиле;

 

§  За да овозможиме ажурирања на софтверот, услуги за одржување, техничка поддршка и пост-продажни услуги за Материјалите на TCL;

 

§  За да ви помогнеме да ја регистрирате и да управувате со вашата сметка на TCL;

 

§  За да ви дозволиме да ги преземете и купите нашите производи и услуги, како што се нашите апликации и слични веб-страници, и / или да ви дадеме пристап до апликациите од трети лица инсталирани на уредот;

 

§  За да ги обработиме платежните трансакции или нарачките за Материјалите на TCL;

 

§  За да ве контактираме во врска со Материјалите на TCL, на пример, во случај некои од Материјалите на TCL да се промениле или да имаат проблеми;

 

2. За да се усогласиме со законската обврска на која сме предмет;

 

§  За да се усогласиме со сите важечки закони, регулативи, директиви и судски одлуки, како и одлуки од надлежните органи;

 

§  За да ве заштитиме од измами и други правни или ризици за безбедноста на информациите и истите да ги спречиме, како и за да ги чуваме безбедни Материјалите на TCL, како што се верификување на вашите сметки и идентификација, откривање на безбедносни инциденти и борба против злонамерни активности;

 

3. TCL има легитимен интерес за собирање и обработка на вашите Лични податоци;

 

§  За да ги утврдиме, оствариме или одбраниме своите законски права или заради правни постапки;

 

§  За да одговориме на какви било поплаки или прашања што може да ги покренете во врска со Материјалите на TCL и за да ги одбраниме и оствариме законските права;

 

§  За да ги персонализираме Материјалите на TCL на ваше барање;

 

§  За да ги разбереме, прегледаме, решиме и коригираме проблемите на Материјалите на TCL;

 

§  За да ги процениме и развиеме новите функционалности, технологии и подобрувања на Материјалите на TCL;

 

§  За да спроведуваме натпревари, промоции, настани, истражување на пазарот, анкета во врска со Материјалите на TCL;

 

§  За да ги олесниме интерните цели на TCL, како што се ревизија, анализа на податоци и истражување за да ги унапредиме нашите производи, услуги, корисничко искуство и комуникацијата со клиентите;

 

§  За да ги развиеме нашите процеси и системи за обуки;

 

§  За да спроведеме деловно планирање, извештаи и да ги утврдиме предвидувањата;

 

§  За да ви испратиме информации за Материјалите на TCL и да помогнеме тие информации да ви станат порелевантни. Може да ни треба вашата согласност за одредени маркетиншки активности. Ви нудиме неколку начини да се откажете од добивање на одредени соопштенија од нас. Ако сакате да се откажете од добивање на маркетиншки соопштенија од нас по е-пошта, може да кликнете на врската „Откажи ја претплатата“ што се наоѓа во долниот дел на е-поштата и да ги следите инструкциите; и

 

§  За да прикажеме неперсонализирано рекламирање.

 

4. Други цели со вашата информирана согласност.

 

TCL може да ги користи вашите Лични податоци за цели компатибилни со целите споменати погоре. Кога проценуваме дали некоја цел е компатибилна, ќе ги земеме предвид критериумите утврдени во важечките закони, вклучувајќи ги и вашите разумни очекувања. Со други зборови, Личните податоци може да се користат за неспротивставени и/или претерани секундарни цели во врска со целите споменати погоре.

 

Вашите права

 

Законите за заштита на податоци во земјите-членки на ЕЕО и Обединетото Кралство може да ви дадат бројни законски права во врска со Личните податоци што ги чуваме за вас. Овие права може да вклучуваат:

 

§  Право да побарате пристап до Личните податоци што ги обработуваме за вас и да побарате од нас да ги коригираме неправилностите во тие информации.

 

§  Право да побарате копија и да ги пренесете Личните податоци што ги обработуваме за вас;

 

§  Право да побарате да ги избришеме вашите Лични податоци во одредени околности. Имајте предвид дека може да има околности во кои ќе побарате од нас да ги избришеме вашите Лични податоци, но ние имаме законско право да ги задржиме;

 

§  Право да поднесете приговор и право да побарате да ја ограничиме нашата обработка на вашите Лични податоци во одредени околности. Повторно, може да има околности во кои ќе поднесете приговор или ќе побарате од нас да ја ограничиме нашата обработка на вашите Лични податоци, но ние имаме законско право да продолжиме да ги обработуваме вашите Лични податоци и / или да го одбиеме тоа барање;

 

§  Право да ја повлечете вашата согласност за нашата обработка на вашите Лични податоци во секое време;

 

§  Право да поднесете жалба до Надзорниот орган (деталите за тоа може да ги најдете тука: https://edpb.europa.eu/about-edpb/board/members_en за ЕЕО и https://ico.org.uk/make-a-complaint/ за Обединетото Кралство) ако сметате дека сме повредиле некое од вашите права.

 

Малолетни лица

 

Ако имате помеѓу 13 и 16 години, живеете во ЕЕО или Обединетото Кралство, а ние ја побараме вашата согласност, проверете дали според законите за заштита на податоци на вашата земја може да дадете важечка согласност без овластување од вашите родители или старателот. Ќе ја провериме вашата возраст и може да побараме согласност од родителот/старателот.

 

Пренос на личните податоци

 

Кога ги пренесуваме вашите Лични податоци надвор од ЕЕО или ОК, ќе се осигураме дека се заштитени на начин што е доследен со тоа како ќе ги штитиме вашите Лични податоци во ЕЕО или ОК и ќе се осигура адекватно ниво на заштита преку еден од следниве механизми:

 

  • Третата земја во која ги пренесуваме вашите Лични податоци се смета за способна да осигура адекватно ниво на заштита со одлука на Европската комисија или на Државниот секретар на ОК, како што е применливо;

 

  • Увозникот и извозникот ги потпишале „стандардните договорни клаузули“ одобрени од Европската комисија или Државниот секретар на ОК, како што е применливо; или

 

§  Како што е применливо, TCL може и да ги споделува податоците во согласност со отстапките за специфични ситуации утврдени со важечките закони, како што е обезбедување на услуги кои вие сте ги побарале, склучување или правење договор во ваш интерес, со ваша изрична согласност, како што е потребно за важните причини од јавен интерес, и ако е потребно, за утврдување, остварување или бранење на законските права.

 

Може да побарате дополнителни детали околу тоа како ги штитиме вашите Лични податоци во случај на пренос надвор од земјите на ЕЕО или ОК (вклучувајќи и копија од Стандардните договорни клаузули склучени со увозници во третата земја) така што ќе нѐ контактирате како што е опишано во делот „Како да нѐ контактирате“.

 

 

 

 

АНЕКС КАЛИФОРНИЈА

 

Вашите права за приватност во Калифорнија

 

Во последните 12 месеци, може да сме собрале категории на Лични податоци што се опишани во Известувањето за приватност на TCL Communications.

 

 

 

Само за жителите на Калифорнија, Соединетите Американски Држави, покрај гореспоменатите права во делот „Вашите права“, од 1 јануари 2020 година, ќе имате право и на следниве права:

 

  • Право на знаење. Може да побарате информации за категориите и специфичните делчиња од Личните податоци што сме ги собрале за вас, како и за категориите на изворите од кои се собрани таквите информации, целта на собирањето на таквите информации и продажбата или обелоденувањето на вашите Лични податоци на трети лица за деловни цели;

 

  • Право да не бидете дискриминирани поради остварувањето на некое од правата споменати погоре; и

 

  • Во зависност од одредени правни исклучоци, имате право да побарате бришење на вашите Лични податоци. Имајте предвид дека ако не можеме да го потврдиме вашиот идентитет, може да го одбиеме вашето барање за бришење и да ве информираме за причините за нашето одбивање.

 

Штом го добиеме вашето барање, ќе го потврдиме така што ќе провериме дали адресата за е-пошта на барањето е иста како и адресата за е-пошта што се користи за регистрирање на вашата сметка. Може да побараме дополнителни информации (како што е вашиот IMEI или серискиот број на уредот) ако треба дополнително да го потврдиме вашиот идентитет за да придонесеме за безбедноста или да ве заштитиме од измами. Може да имате право, во согласност со важечкиот закон, да поднесете барање преку овластен застапник.  За да назначите овластен застапник кој ќе ги остварува вашите права и избори во ваше име, може да побараме доказ дека на таквиот застапник сте му дале полномошно или дека застапникот инаку има важечко писмено овластување да ги остварува правата во ваше име.

 

Дополнително, Делот 1798.83 од Граѓанскиот законик на Калифорнија им дозволува на корисниците кои се жители на Калифорнија да побараат одредени информации во врска со нашето обелоденување на Личните податоци на трети лица за нивни директни маркетиншки цели. За да поднесете такво барање, контактирајте нѐ со помош на информациите за контакт дадени подолу и напишете „Shine the Light“ во насловот на вашето барање.

 

Може да ги остварите вашите права како што е опишано погоре и/или да поднесете некаква жалба што можеби ја имате за нашата усогласеност со законот за приватност на Калифорнија така што директно ќе нѐ контактирате преку телефон или е-пошта со помош на деталите утврдени во делот „Како да нѐ контактирате“ погоре. Може да назначите овластен застапник да поднесе барање во ваше име. Таквиот овластен застапник мора да биде регистриран кај Државниот секретар на Калифорнија. Може да го одбиеме барањето од застапникот кој нема да поднесе доказ дека вие сте го овластиле да дејствува во ваше име.