Choose other country to get service

Ограничена гаранција

Дополнителни права според законите за потрошувачи

Како потрошувач вие можете да имате легални (законски) права, што се додадени на оние утврдени со оваа Ограничена гаранција која Производителот ја нуди на доброволна основа, како што се законите за потрошувачи во земјата во којашто вие живеете („Права на потрошувачи”). Оваа Ограничена гаранција ги утврдува некои одредени ситуации кога Производителот ќе мора, или нема да мора, да обезбеди лек за TCL уредот. Оваа Ограничена гаранција не го ограничува или исклучува, ниту едно од вашите потрошувачки права, што се однесуваат на TCL уредот.

Покриеност на гаранцијата од страна на производителот.

Оваа Ограничена гаранција на производителот ги утврдува гаранциските одговорности на производителот во врска со хардверот и додатоците брендирани со TCL, произведени од или во име на Производителот.

Производителот му гарантира на оригиналниот краен корисник, што го купува новиот TCL уред („ВИЕ”), дека на TCL уредот нема да има никакви дефекти во материјалите и изработката при нормална употреба на истиот, за време на периодот што започнува на датумот на оригиналното купување од Ваша страна и продолжува во наредниот одреден временски период, за секој применлив тип на TCL уред („Период на гаранција”).

Оваа Ограничена гаранција не може да се пренесува од ваша страна.

Важечкиот период на гаранцијата е наведен подолу:

TCL уред и вградена батерија (1)

24 месеци (2)     

TCL додатоци(3): USB-кабел, полнач, слушалки, отстранлива батерија(1)       

12 месеци (2)

Во случај на каков било дефект на вашиот уред што ве спречува во неговата нормална употреба, мора веднаш да го информирате вашиот продавач и да ја покажете сметката/фактурата што сте ја добиле при купувањето на истиот.

Ако се потврди дефектот од страна на Производителот или некој негов овластен давател на услуги, вашиот уред или некој дел од него ќе биде соодветно или поправен или заменет. Поправката или замената може да биде изведена со користење на повторно оспособени компоненти што нудат еквивалентна функционалност.

Оваа гаранција ги покрива трошоците за поправка или замена (работната сила и резервните делови), но исклучува било какви други трошоци.

Оваа гаранција нема да се применува за дефекти на вашиот уред и/или додатоците предизвикани од (без какво било ограничување),

- Непочитување на инструкциите за употреба или инсталација, или техничките и безбедносните стандарди применливи во географското подрачје каде се користи вашиот уред;

- Поврзување со каква било опрема што не е набавена или препорачана од страна на Производителот;

- Поправка извршена од лица што не се овластени од страна на Производителот или неговите подружници;

- Модификација, приспособување или промена на софтверот или хардверот извршена од лица што не се овластени од страна на Производителот;

- Невреме, молњи, пожар, влажност, навлегување на течности или храна, хемиски производи, упад или преземање на злонамерни датотеки/софтвер (злонамерен софтвер), удар, висок напон, корозија, оксидација.

Во никој случај Производителот или некој од неговите партнери нема да бидат одговорни за индиректни, случајни или последователни оштетувања од било каква природа, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на комерцијална или финансиска загуба или штета, губење на податоци или губење на слики до целосен обем тие оштетувања можат да бидат отфрлени според законот.

Некои земји/држави не дозволуваат исклучување или ограничување на индиректни, случајни или последователни оштетувања или ограничување на времетраењето на подразбираната гаранција, така што претходните ограничувања или исклучувања може да не се однесуваат на вас.

Ако вашиот TCL уред биде вратен за време на Периодот на гаранција, но вашиот TCL уред не е покриен со оваа Ограничена гаранција, условите и надокнадите можат да важат за било која изведена поправка или процесуирање.

Доколку не живеете во земјата каде што TCL уредот ви бил првично продаден, тогаш,

(а) Поправката или сервисирањето под гаранција можеби нема да бидат можни;

(б) Од вас може да биде побарано да се согласите со условите и/или да платите одредени трошоци (вклучувајќи ги, но не и ограничувајќи се на трошоците за испорака и ракување);

(в) Поправката или сервисирањето под гаранција, ако е можно, може да потрае подолго од нормално за да се заврши.

Направете резервна копија на вашите податоци

Би требало да направите резервна копија на вашите податоци, датотеки, апликации и поставки, како заштитна мерка против можните оперативни проблеми, вклучувајќи ги и оние пред враќањето на TCL уредот. Правењето на резервна копија е ваша одговорност и не спаѓа во одговорностите на Производителот, на трговецот на мало од кој што Вие сте го купиле TCL уредот, или на овластените даватели на услуги на Производителот, преку кои Вие сте го добиле сервисирањето, (поправката или замената на TCL уредот).

Ако треба да го испратите/оставите вашиот TCL уред за сервисирање, ви препорачуваме да ги отстраните од вашиот уред сите периферни уреди (мемориска картичка, SIM картичка) и личните и доверливи податоци, пред да го испратите/оставите вашиот TCL уред.

За време на сервисирањето (поправката или замената) содржината на вашиот TCL уред може да биде избришана, реформатирана или конфигурирана како кај првично купениот производ (предмет на тогашните тековни ажурирања и надградби на софтверот) и отстранетите периферни уреди можеби нема да ви бидат вратени.

Оваа ограничена гаранција не го покрива правењето на резервна копија, враќањето или реинсталацијата на вашите податоци, датотеки и апликации на TCL уредот.

 

 

(1)    Работниот век на батеријата на уред што може да се полни, во однос на времето на зборување, времето на мирување и вкупниот работен век, ќе зависи од условите за користење и мрежната конфигурација.

(2)    Периодот на гаранцијата може да се разликува во зависност од земјата каде што сте го купиле производот и/или каналот за купување.

(3)    Ако е вклучено.